Мајка на четири деца со 47 години е финалистка за избор на мис

Добивај вести на Viber

Џина Стјуарт има четири деца и е една од финалистките за изборот „Мис Максим” 2018 година.

Никој не може да поверува дека Џина има 47 години.

Оваа жена успеала да засени многу помлади кандидатки на ова натпреварување, а со своето тело таа мамела воздишки особено кај посилниот пол. 

„Не користам ботокс и филери и верувам во достоинствено стареење. Искрено, нема никаква тајна. Јас ова не го правам поради внимание туку се обидувам да ги инспирирам жените да се поддржуваат едни со други”- изјавила Џина.

Таа пред една деценија направила корекција на градите. 

Стјуарт има над 40.000 следбеници на Инстаграм.

Таа се надева дека ќе ја освои првата награда за да може да донира 10.000 долари за својата пријателка која неодамна доживеала инфаркт, а која има само 30 години.