,

Мајка на три ќерки од Ресен споделува: Како ја одвикнав Бисера од доење

Доењето е тема за која размислуваме, речиси од почетокот на бременоста. Едвај чекаме тоа мало, кревко суштество да дојде на светот. Сета љубов што ја пренесуваме на бебето, меѓу другото, ја правиме и со доење. Мајчиното млеко е храна, но доењето е исто така контакт, најдобрата врска помеѓу мајката и детето. Препораките се менуваат, тие треба да се следат, но исто така е важно да го следите вашиот инстинкт. Оптималното време за доење е една година, но подолго доење нема да биде исклучено и повеќето педијатри ќе го поддржат. 

Поради различни причини и околности периодот на доење варира и е различен кај секое доенче, а доколку сакате да го прекинете тој процес и да го одвикнете детето, мајка на три ќерки, Елена Наумовска, го сподели нејзиното искуство:

„Пред неколку дена поставив анкета на стори дали сакате да го споделам процесот на одвикнување од доењето. Па за тие што одговоривте со ДА повелете:
Кога наполни годинка Бисера, почнав полека да размислува околу тоа, и бидејќи обожаваше да цица мислев дека ќе имаме голем проблем.
Цицаше наутро штом се разбудеше, пред дневната дремка (така се успиваше), помеѓу ручек и вечера, пред спиење (исто така се успиваше) и ако се разбудеше во текот на ноќта.
Прв чекор за одвикнувањето ми беше тоа да не и давам во некој момент од денот за кој сметам дека не и е потребно. Тоа беше помеѓу ручекот и вечерата. После извесен период се обидев да и дадам млеко во шише за да се успие (дневна дремка), и за среќа прифати. Па потоа почнав да и давам шише и за ноќното успивање, исто прифати без проблем. Ни остана само утринското доење, бидејќи преку ноќ престана да се буди. Негде декември, приметив дека самата се одбива. Односно почна да цица кратко, буквално секунди, па сватив дека нема потреба повеќе ни од утринското доење. И го заменив со млеко во шише. Воопшто не и засмета, и воопшто не бараше да цица. Е сега дали е до девојчето, дали е до тоа што јас имам среќа незнам, но поминавме супер.
Сега веќе пие млеко само пред спиење.
Што сакам да ви порачам на тие што сте, ќе сте во процес на одвикнување - само трпение, ништо не може преку ноќ“ - пишува таа.

View this post on Instagram

A post shared by Наумовска Елена (@mother.of.three.daughters)


На 15 години се остварив како мајка: Елена од Ресен за животните предизвици како малолетна мајка