МАЈКА ТВРДИ ДЕКА СО ЗБОРОВИ ИЗЛЕКУВАЛА АУТИЗАМ КАЈ СИНОТ: Што му зборувала секоја вечер?
Психологот Олга Ваљајева откри едноставен рецепт, кој значително ѝ помогнал да победи во борбата со аутизмот на нејзиниот постар син.
Соочена со оваа тешка болест и решена по секоја цена да истрае во борбата со неа, Олга го носела детето кај голем број лекари. Еден од нив, психијатар, ѝ дал непроценлив подарок. И раскажал за практиката на терапија за аутизмот во една клиника во Англија.
Мајките на деца што боледуваат од аутизам секоја вечер, во подолг временски период, спроведувале едноставна терапија. Чекале да им заспие детето, а потоа, по 15 минути, кога детето ќе влезе во активна фаза на сон, зборувале:
– Те сакам! Горда сум на тебе! Пресреќна сум што си ми син! Ти си за мене најдобриот син на светот!
Докторите од таа клиника направиле споредба на децата на кои мајките им кажувале колку ги сакаат додека спијат, со децата на кои никој ништо не им зборувал. Резултатите биле зачудувачки: децата на кои кажувале зборовите полни со љубов многу побрзо закрепнувале.
Олга раскажува:
– Најпрво на синот му ги кажував само тие зборови. Подоцна почнав да импровизирам и да додавам и други зборови полни со љубов. Важно е тоа што татко му и јас му зборувавме. Му зборевме дека тој е нашето посакувано дете. Оттогаш поминаа пет години, а јас и денес секоја ноќ им шепотам на моите двајца синови. На секој од нив посебно, секоја ноќ. Мојот постар син веќе не боледува од аутизам. Сигурна сум дека мојата ноќна терапија ја одигра својата улога!
Подоцна прочитав дека на детето треба често да му зборуваме:
-Кога би можеле да бираме, од сите деца на светот би те одбрале само тебе!
и: - Дали денес ти кажав дека многу те сакам?
Сфатив дека на детето му е многу важно да почувствува колку е посебно важно и потребно на родителите, токму такво какво што е .
Еве што уште кажувам: Пресреќна сум што постоиш!
Оваа изјава посебно им помага на деца кои биле непосакувани.
Ако на пример, сте сакале ќерка и долго не сте можеле да се помирите со фактот дека ви се родил син, мнгоу е важно да му зборувате на детето: Среќна сум што си момче!
Што уште треба да му се зборува на детето: Тато и јас многу те сакаме, ти си НАШ драг син!
Овде клучен збор е „наш“. Помага детето подеднакво да ги профати двајцата родители.
Имено денес е светски ден на аутизмот.
2-ри април, со резолуција на Обединетите нации од 2007-ма година се одбележува како Светски ден на аутизмот.
Ширум светот се испраќаат пораки за поголема грижа од надлежните, повисока свест од општеството, подобри услови во градинките и училиштата за децата со аутизам.
Foto: Shutterstock