Мајка со големо семејство жали што не пазарела залихи: Се соочуваме со реалната можност за празни колички и празна кујна

Пред две недели, кога коронавирусот беше прогласен како светскапандемија, луѓето од целиот свет панично се упатија кон најблиските продавници за да направат залихи од намирници. Наскоро, полиците во продавниците беа празни, основните намирници беа потрошени, и навидум преку ноќ беше измислен терминот „неконтролирано и несовесно купување во паника“. Реакцијата беше нешто разбирлива - на крајот на краиштата, кој тогаш знаеше колку долго ќе бидеме принудени да останеме во нашите домови? 

Но, наскоро стана јасно дека ваквото однесување исто така има свои последици, особено затоа што ги остави другите кои имаат потреба од некои намирници, без опции. Сега, коалиција на мајки во Австралија зборува за нивната одлука да не паничат- да не купуваат залихи на почетокот на пандемијата - и зошто жалат сега за тоа.

Блогерката Клер Луиз Хукер има големо семејство од 11 членови и живее во Австралија. Неа и на нејзиниот сопруг и нивните девет деца (да, точно прочитавте), купувањето многу намирници наеднаш им е многу честа појава.

Во неодамнешниот пост на Инстаграм и Фејсбук, мајката објасни дека таа обично прави редовно залихи на намирници секоја недела или две, но дека кога првото „панично пазарење“ започнало во Австралија, таа се воздржала.

- Немаме залихи, не купивме повеќе отколку што требаше. Испазаривме нормално за две седмици и на многумина, буџетот секако, не ни дозволува да купиме повеќе од вредност од 1000 американски долари. Сега жалиме.

Одбравме да го слушаме водачот на нашата нација и да веруваме дека всушност нема недостаток на храна, ниту ќе има, дека ова е резултат на купување во паника и дека ќе се среди. Но, тука сме - сега се соочуваме со реалната можност за празни колички и празна кујна.

На големите семејства им е одземена можноста за купување храна во големи количини што .... нас тоа реално ни треба, а не е од што сакаме да имаме залихи. Еден пакет тестенини не е доволен, или млеко, брашно или јајца или што било друго што го ограничувате (и апсолутно разбираме зошто го правите тоа, но сметаме дека е вознемирувачки). Сега сме принудени да одиме од продавница до продавница само за да ги пронајдеме најважните намирници, честопати не наоѓајќи го тоа што ни треба, и ако тоа продолжиме, потенцијално тоа би можело да биде голем проблем.

Овие фактори треба да бидат земени во предвид од страна на нашите локални супермаркети за да можеме да го продолжиме неделниот или двонеделниот шопинг - раскажува загрижената мајка.

Таа заедно со многу други родители на големи семејства сакаат да најдат попрактичен начин за да купат намирници за своите најмили.

- Ние навистина цениме сé што сторивте досега, обидувајќи се да ги задржите полиците полни и да го спречите нерационалното купување во паника. Не бараме посебен третман, само фер третман, можност да ги купиме „она што ни е потребно за нашите деца“. Сите сме заедно во ова. Сигурно можеме да најдеме компромис? Ве молиме, ни помогнете со ова- ги моли мајката сите маркети низ земјата.