Мајката на Карлеуша живеела во оваа скромна куќа: Откако почина Јелена не стапнала во неа
Куќата на Дивна Карлеуша
е најтажното место за Јелена
Дивна Калеуша остана запаметена како една од најпознатите радио водителки во Србија која им помогна на бројни пејачи да станат познати. Многумина од нив и денес со љубов се сеќаваат на неа, 5 години по нејзината смрт. Најголем спомен за неа чува нејзината ќерка Јелена, која пред неколку дена откри дека многу работи сфатила по смртта на нејзината мајка, а дека куќата на Дивна Карлеуша е заклучена од 3 март 2019 година и дека таа не стапнала таму од тогаш.
Дивна починала во својот дом додека нејзината ќерка се враќала од настап во Виена. Кога пристигнала во Белград, Јелена ја дочекала вест од која се плашела цел живот.
Куќата на Дивна Карлеуша сега е празна
- Се‘ што мајка ми собра и заработи и за кое се бореше во животот остана заклучено во нејзината куќа и никогаш повеќе не влегов. Никогаш не влегов во нејзината куќа. Таа остана онака како што ја изнесовме од дома, се‘ беше нејзино и сфатив дека се‘ што имаме сега, злато, коли, станови е сосема неважно - изјави Јелена во емисијата „Во рингот“.
Соседите на Дивна имаа само убави зборови да кажат за неа по нејзината смрт.
- Беше љубезна и секогаш со задоволство ме поздравуваше попатно, но ја немав видено во последните четири месеци - изјави првиот сосед на водителката веднаш по смртта на Дивна.
- Живееше со русокоса жена, веројатно нејзината сестра. Тој ден госпоѓата се качуваше по скалите и излезе надвор неколку пати, а потоа пристигна и брзата помош. Навистина се запрашавме за кого дојде, а потоа подоцна дознавме дека се работи за Дивна. Многу ни е жал. Не ја среќававме често, но секогаш се насмевнуваше кога поминуваше, иако баш и не се дружеше со маалото околу куќите - изјави една баба веднаш по смртта на Дивна.
Дивна живеела на крајот од слепа улица во белградската населба Алтина, во скромна куќа со приземје и поткровје. Убавата водителка никогаш не сакала да живее на сметка на својата богата ќерка, секогаш работела и се борела сама, иако Јелена правела се‘ за да ѝ го олесни и разубави животот. Често ја носела на патувања, а за последниот роденден заедно со Душко ѝ подариле автомобил.
А како изгледа куќата на Дивна, која од 3 март 2019 година е празна погледнете ОВДЕ.
Фото: Инстаграм