Мајки, опуштете се: Што и да правите, вашите деца утре повторно ќе ве обвинат вас за нивниот неуспех!

Овој текст е за сите оние мајки кои очајно сакаат да бидат совршени, но некако не им оди

Кога би можела да го живеам животот од почеток, еве што би променила:

Би му рекла на син ми: „Мил мој, не мора да бидеш инженер, не мора да бидеш ни адвокат. Не е важно што ќе станеш кога ќе пораснеш. Сакаш да бидеш фудбалски коментатор - супер! Кловн во трговски центар? Браво!"

И кога тој мој син ќе наполни триесет години, ќе дојде кај мене целиот испотен, ќелав и со намачкана кловнска шминка на лицето и ќе ми каже:

„Мамо, имам триесет и работам како кловн во трговскиот центар! Дали е тоа животот што го сакаше за мене? Што по ѓаволите мислеше? Зошто ме остави да играм наместо да учам математика? Зошто не ми кажа колку е важно образованието?"

Потоа ќе му ја погалам ќелавата глава и ќе му кажам:

„Душо, но јас само те поддржував во сè што сакаше да правиш! Не те вршев притисок. Не те терав да вежбаш математика кога сакаш да си играш со твоите пријатели“.

И тогаш осудувачки ќе рече: „Не знаев до што ќе ме доведе тоа, дете бев, не можев да се одлучам, но можеше ти да го направиш тоа за мене, можеше да ме насочиш!“

Тогаш ќе станам, ќе го погледнам внимателно и ќе му кажам: „Тоа е тоа. Постојат два типа на луѓе во светот: едниот живее, а другиот го бара виновникот. А ако не го разбираш ова, тогаш ти сине мој, си идиот“.

Само ќе каже „ах“ и ќе се онесвести! Неговата психотерапија ќе трае пет години.

* * * * *

ИЛИ НЕ...

Еден ден ќе имам син и ќе го направам спротивното. Од три години ќе му повторувам: „Не биди идиот, Владимир, мисли на иднината, учи математика Владимир, ако не сакаш цел живот да бидеш оператор на кол-центар“.

И кога ќе наполни триесет, ќе ми дојде испотен, ќелав програмер со длабоки брчки и ќе ми каже: „Мамо, имам триесет и работам во „Гугл“. Работам дваесет часа на ден, мамо. Немам семејство. Што сакаше да кажеш кога ми кажа дека добрата работа ќе ме направи среќен? Зошто ме натера да учам математика?“

И јас ќе кажам: „Мил мој, но сакав да се образуваш добро! Сакав да имаш шанса!"

И тој ќе ми рече: „Зошто, по ѓаволите, ми е шансата кога сум несреќен, мамо? Поминувам покрај кловнот во трговскиот центар и му завидувам. Тој е среќен! Јас можев да бидам среќен човек, но ти ми го уништи животот!"

И тогаш ќе станам, ќе го погледнам внимателно и ќе му кажам: „Мил мој, постојат два типа на луѓе: едниот живее, а другиот постојано се жали. Ако не го разбираш ова, тогаш ти, синко, си идиот!"

Ќе каже „ах“, ќе се онесвести и ќе заврши на психотерапија 5 години.

**********

Овој текст е за сите оние мајки кои овие денови едвај издржуваат да решаваат домашна задача со своите деца. Кои се борат со гневни тинејџери, со незадоволни деца. Опуштете се! Што и да правите, вашите деца утре ќе имаат што да кажат на психотерапија!

(Aвтор: Светлана Кмел, Извор: Stil.kurir.rs)