Make-up артист на холивудските sвезди открива: Како правилно да се нанесе руменилото и да се зачува младешкиот изглед

Добивај вести на Viber

Обрнете внимание на деталите

Малите нешта можат да бидат многу важни кога станува збор за шминкањето.

А, ако некогаш сте се запрашале во што грешите, и зошто не сте задоволни со вашиот изглед, можеби одговорот лежи во малите детали на кои не сте обрнале внимание.

Холивудскиот шминкер Сер Џон, кој се грижи за изгледот на многу славни жени, меѓу кои и Бијонсе откри трикови за младешки изглед.

Познатиот шминкер смета дека хидратацијата на лицето е најважна, особено кога станува збор за шминкањето.

Шминката за снимање мора да изгледа природно, а за да биде кожата подготвена за рефлекторите - клучот е добра хидратација. 

Сер Џон предлага уште еден слој крем на крајот од процесот на шминкање.

„По затемнетата основа, предлагам дополнителна хидратација, така што лицето да ја задржи влагата. После тоа следи руменило, што во тој случај ќе изгледа многу природно“, советува тој.

Шминкерот нагласува дека е најдобро да се нанесува руменило кога кожата е сè уште влажна, бидејќи тоа гарантира ефикасно мешање со тенот, сенката и текстурата.

Неговиот колега, американскиот шминкер Наоко Скинту, вели дека совршено руменило е она кое е со нијанса до две потемно од бојата на кожата, инаку е тешко да се совпадне со лицето. 

Руменилото мора да одговара на тонот, така што студените тонови се идеални за русокосите, потоплите за бринетите, ако тенот е потемен.

Тенот за пред камера мора да биде добро нахранет и хидриран, во спротивно брзо се суши, а слична е состојбата и со дневната шминка, која треба да трае со часови.

Кожата се суши во текот на денот, ако не е добро хидрирана наутро. Затоа, потребна е добра подготовка со клучните формули кои имаат хидрантни состојки.


Можеби ќе ве интересира:

Кејт Бланшет за „бјути“ рутината: Се откажав од чевли, но не и од омилениот парфем