МАКЕДОНЦИ ИМА НА ПЕЧАЛБА ВО МНОГУ ЗЕМЈИ: Ги прашавме колку време им беше потребно за адаптирање во новата средина
Македонците кои се иселиле или се на привремена работа во странство имаат различни искуства за тоа колку време е потребно за адаптирање во новата средина. Но, повеќето велат дека барем неколку месеци се потребни за прилагодување на животот во друга држава.
Гордана Бошкоска Велков веќе 10 години живее во Данска и вели дека на почетокот ѝ било тешко. Особено потешкотии имала за наоѓање на стан заедно со семејството.
„Мажена сум, имам три деца и нас ни беше тешко да најдеме стан. Тоа е еден од поголемите проблеми во Данска. Јас имам завршено високо образование за готвач, работам повеќе од 8 години како готвач. Се навикнуваш брзо на системот. Секаде е прифатливо да се зборува англиски, а за работа има многу веб страници каде можете да аплицирате. Јас за еден месец најдов работа. На пример за семејство, ќе му требаат три месеци за сите документи, за дозвола за престој, за здравствени книшки, за да бидат во систем. Јас после три месеци се запишав во школо за дански јазик. Додека да поднесеш документи за престој, треба да имаш банкарска сметка, три месеци да имаш редовен приход. Јас на пример после една година се запишав на школо за готвач, со основно познавање на дански јазик, три години студирав и работев. Децата кога дојдоа, беа три месеци во интернационално школо за јазик, а потоа ги пратија во основно данско школо “, вели Бошкоска Велков.
Целата сторија на Женски магазин.