МАКЕДОНЦИТЕ КУПУВААТ ОБЛЕКА ОД ВТОРА РАКА ОД ЕКОНОМСКИ ПРИЧИНИ: Знаат ли дека со истото ја штитат и околината?

Добивај вести на Viber

Во Македонија, како и во многу други земји, луѓето купуваат облека од втора рака најчесто од економски причини. Ова го потврдуваат и од невладината организација „Биди зелен“ од Скопје.

Додаваат дека овие продавници нудат брендови и поквалитетна облека по пониски цени, што ги прави достапни за поголем број луѓе.

„Сепак, во последните години се зголемува бројот на граѓани кои купуваат од втора рака од еколошки причини. Ова особено важи за младите генерации и оние што се свесни за проблемите со брзата мода, загадувањето и климатските промени. Постојат неколку главни еколошки придобивки од купувањето на облека од втора рака. Намалување на текстилниот отпад, многу облека завршува на депонии, а текстилниот отпад е огромен проблем бидејќи бавно се распаѓа и создава штетни гасови. Помала побарувачка за нова облека, со тоа се намалува потребата од производство на нови материјали, што ја намалува емисијата на јаглероден диоксид (CO₂). Заштеда на ресурси – Производството на текстил троши огромни количини вода и енергија. На пример, за едни фармерки се потребни 7.500 литри вода!, Намалување на загадувањето – Текстилната индустрија користи хемикалии и бои што загадуваат води и почви. Со купување од втора рака, се намалува ова загадување“, вели Блаже Јосифовски од „Биди зелен“. Повеќе на Фактор.мк