Отказ поради фустан? Инфлуенсерка под закана на тужба поради нејзини модни комбинации кои жените ги копираат-што вели таа? (ВИДЕО)

Естетиката „Office siren“ внесува заводлив, женско-фатален пресврт во класичната деловна облека. Иако името го вклучува зборот „Office“, овие комбинации – често со тесни резови и длабоки деколтеа – не се секогаш соодветни за работна средина.
Како што пишува Women's Wear Daily, овој тренд е всушност модерна реинтерпретација со смели кроеви, луксузни ткаенини и женствени детали, поради што е повеќе прилагоден за друштвени настани, излегувања и специјални пригоди отколку традиционалниот канцелариски кодекс на облекување.
Кога инспирацијата за облека оди предалеку
Инфлуенсерката и модел, Калин, често на социјалните мрежи споделува облека инспирирана од естетиката на „Office siren“. Иако не работи во класично канцелариско опкружување, се чини дека една жена го сфатила премногу сериозно нејзиниот моден избор - и поради тоа ја изгубила работата.
Имено, жената избрала идентичен аутфит и во него отишла во канцеларија, што ја чинело работа. Сега, во неверојатен пресврт на настаните, таа се обидува да ја тужи Калин, бидејќи верува дека таа е одговорна за нејзиното отпуштање.
Од инспирација до отказ – и потенцијална тужба
Калин ја сподели приказната со своите следбеници, изразувајќи неверување за ситуацијата. „Само што ја добив најлошата порака во мојот живот. Една жена видела една од моите облеки „Office siren“ , буквално ја ископира и ја облече на нејзината вистинска работа.
„Драга, јас не ги носам овие комбинации за забава“, продолжила Калин, објаснувајќи дека нејзиниот моден избор е дел од работата што ја работи како модел. „Мислев дека тоа е јасно. Очигледно дека не е. Но, во овој случај, вие сама сте виновна. Не знам што очекувавте“.@xqueenkalin do it
original sound - Kalin
Фустанот кој покрена лавина
Во друго видео, Калин ја покажа точната комбинација од која започна се – долг, тесен црн коктел фустан во комбинација со високи потпетици.
„Јас сум сред судски спор затоа што некоја девојка реши да се облече како мене, како „Office siren“ и доби отказ од работа“, рече таа. „Многу луѓе прашуваа како изгледа таа комбинација – па, ова беше фустан“.
Каде е границата помеѓу деловниот кодекс на облекување?
Кодексот на облекување на работното место зависи од индустријата и самата компанија. Некои компании бараат строги униформи, додека други се пофлексибилни кога станува збор за облеката на вработените.
Во случајот со жената која добила отказ, таа најверојатно работела во средина која барала „бизнис кежуал“ или дури „деловен формален“ кодекс на облекување. Според платформата Indeed, деловната секојдневна облека вклучува молив здолништа, панталони, кошули, јакни и блузи, додека деловниот формален стил е построг, со темни костуми, дискретни фустани и минимални додатоци.
Без оглед на правилата на компанијата, повеќето веруваат дека Калин не е одговорна за отказот.