Радост во семејството Зикови: Четирите близачиња ги израдуваа мама и тато

Добивај вести на Viber

Четворката од Штип, Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина пуштија чекор и проодеа. Четирите близначиња на семејството Зикови две години се радост во домот.

Сега кога напреднаа и веќе почнуваат самостојно да се движат, започнаа и „проблемите“ во домот на Зикови.

Благица нивната мајка, објави видео на социјалните мрежи како изгледа еден „фудбалски натпревар“ во нивниот дом, додека малите палавковци ги вежбаат првите чекори.

„Чекор напред, чекор назад денес овие мали дечиња радосно проодуваат!! Кон прегратка, кон насмевка, кон гушкање пружат рачиња и цврсто и сигурно ги прават првите чекорчиња. Лесни чекорчиња, Михаил, Леонтина, Теодор и Ведран“, напиша Благица, нивната мајка.

Лесни чекорчиња им посакуваме и од тимот на Женски магазин.