Македонија е скапоцен камен, но ви треба поголема промоција – еве како туристичките водичи од регионот гледаат на земјава

Македонија е скриен скапоцен камен. Вака Материја Крегар Глиха, туристички водич од Словенија ја опишува нашата земја. Прашавме туристички водичи од регионот, што мислат за Македонија како дестинација. Дали е атрактивна, дали е доволно промовирана, кои се добрите страни, но и слабостите.  Водичот од Љубљана вели дека во 1985 година  првпат ја посетила Македонија на матура, а потоа повеќе пати приватно престојувала во државава, и ја препорачува на  другите.

Македонија е скриен скапоцен камен, но треба да се потрудите да ја најдете на туристичката мапа. Вистина е, има многу малку промоција, сакам да ја посетам поради моето искуство, а посетителите доаѓаат врз основа на препораки. Многупати и моите гости ме прашуваат како е во вашата земја, дали вреди „да се оди во Македонија“. Се разбира, топло ја препорачувам земјата“, вели Крегар Глиха. Повеќе прочитајте на Фактор.мк


Фото: unsplash-колаж - Petar Avramoski/Abenteuer Albanien/Ivo/Antonio Stojceski