Македонка ја дизајнира спортската и отмена облека на жените во Холивуд: Геновева Кристоф гради успешна кариера во САД

Добивај вести на Viber

Геновева Кристоф е родена во Ресен, еден период живеела во Лондон, а потоа се сели во Америка. Дипломирала на Колеџот за уметност и дизајн во Колумбос, насока Моден дизајн.

Во 2011 година ја лансираше првата колекција на Модната недела Колумбос. „Диет Пепси“ ја избра да ги покажете своите дизајни на Модната недела на Мерцедес Бенз, во Њујорк, шоу кое беше претставено од Сајмон Донан, а на него присуствуваа познати личности. Следната година беше второпласирана од 676 дизајни за Адријана Папел за Е! Телевизја. Учествувала и на неколку модни шоуа во Њујорк, Колумбос и Кина.

Своите креации ги опишува какао софистицирани, женствени и шик со одредена доза на „строгост“ (edge). Дизајнира за софистицирана жена која е социјално активна, која следи мода и секогаш бара нови, возбудливи дизајни. Препознатлива е по користење на убави, префинети материјали и комбинирање на различни материјали, како кожа со нежни свили. Ангажарина е и во мала локална компанија, кадешто стекнала искуство за маркетинг

Во текот на корона пандемијата се ориентирала на спортската опрема. Лани ја промовираше колекцијата Aspparel.

Живее во Охајо, мајка е на две деца: Доминик (15) и Клои (8).

* Која беше причината да емигрирате во Соединетите Американски Држави во 2005 година? 

- Се преселив за да бидам со мојот сопруг, кој по потекло е Македонец. Но, роден е и живее во Соединетите Американски Држави. 

Добивте стипендија за Колеџот за уметност и дизајн Колумбос, насока Моден дизајн. Каде работевте и стекнавте искуство по дипломирањето?

- Отсекогаш имав желба да студирам моден дизајн. Во Македонија немаше многу можности за модни дизајнери во тоа време, затоа студирав на Филозофски факултет. Кога се преселив во САД, имав можност да почнам од почеток и да го следам сонот. За среќа, во Колумбос има многу добар приватен колеџ за моден дизајн. Аплицирав за стипендија, без премногу надеж. Ја добив највисоката стипендија која се нудеше од факултетот. Можам да кажам дека тоа ми беше еден од најсреќните моменти. Тоа ми даде самодоверба и потварда дека се определив на правилна струка. Наскоро после дипломирањето, почнав да работам за локална компанија каде дизајниравме акцесори за брендови како Victoria’s Secret, DSW, Bloomingdales, Ralph Lauren, Chico’s/White House/Black Market, Henri Bendel, Armani, and L’Oreal/Lancome. Исто така, имав можност да работам за LaSenza, сестра компанија на Victoria’s Secret. Во последините години работам во мала локална компанија, кадешто стекнав искуство за работа со фабрики, маркетинг и други работи кои се важни за еден бизнис.

* Во 2011 година ја лансиравте првата колекција со која постигнавте голем успех. Бевте присутни на повеќе модни недели и шоуа. Може да ни доловите од таа атмосфера, што се случува зад камерите и црвениот ќилим? 

- По лансирањето на првата колекција, добив покана од „Диет Пепси“ да презентирам некои од моите дизајни на Модната недела на  Мерцедес Бенз, во Њујорк. Тоа беше едно од моите најубави искуства. Атмосферата беше преубава. Бев сместена веднаш до Линколн центарот и имав можност да ја почувствувам атмосферата и уличната мода за време на модната недела. Манекенки и влијателни луѓе од модата индустрија се движат околу центарот, фотографи од познати магазини чекаат надвор за да ја доловат уличната мода. Учествував во шоуто наречено Diet Pepsi Style Studio Show кое беше преубаво дизајнирано од познатиот дизајнер Џонатан Адлер. Модната писта, столиците и сѐ друго беше направено од Diet Pepsi лименки и инспирирано од Diet Pepsi. На шоуто дојдоа многу познати личности како Мери Кејт Олсен, Дебра Месинг, Ангела Симонс, Џеј Мануел, Џеј Александер, Лоренцо Мартоне. Во текот на целата модна недела некои од нашите дизајни беа изложени во Линколн Центарот. Следниот ден бевме покантети на неколку интевјуа и се запознавме и го посетиме модното шоу на Christian Cota. 

* Минатата година ја лансиравте првата колекција на спортска облека Aspparel. Што е специфично за неа?

- Долго време работев на повторно лансирање на Genoveva Christoff. Но, моите потреби и на луѓето се изменија за време на Ковидот. Во тој момент ја сменив насоката и решив да се фокусирам на спортска облека. За време на Ковид пандемијата, работев од дома, почнав повеќе да вежбам. Но, ретко можев да најдам спортска облека која е модерна и диверсна. Името Aspparel доаѓа од зборовите „aspire & apparel“- креирана со цел да ги инспирира луѓето да ги постигнат своите аспирации и да бидат најдобра верзија од себе, додека изгледаат и се чувствуваат комотно и луксузно-модерно во исто време. Мојата цел е кога жените ги носат моите дизајни да се чувствуваат самоуверено и убаво.  Дизајни кои се практични, добри за вежбање, но исто така можат да се носат секојдневно и за излегување. Повеќе информации може да најдете на Aspparel веб страницата: www.aspparel.com

За овие Ваши успеси и работа до 2014 година, беше информирана и македонската јавност. Како се одвиваше вашата кариера како дизајнер во изминативе осум години?

-Во 2014 година учевствував на неколку модни шоуа во Њујорк, Колумбос и Кина. На модното шоу во Кина во 2016 година, добив награда за најдобар emerging дизајнер. Во исто време почнав да работам за друга компанија. Децата ми беа уште мали и немав време да им се посветам, па се одлучив да паузирам. Во 2020 година почнав да ја планирам новата линија и ја лансирав во март 2021 година. Овој месец правиме годишнина.

На пазар со апсолутна доминација на светски познати брендови, успеавте ли да се наметнете и на кој начин во Америка? Кој појавува најголем интерес за вашата сопртска облека?

- Со новиот спортски бренд, дизајните ги продавам на своја веб страница. Засега, најмногу дизајните ми се продаваат во местото каде што живеам, Лос Анџелес и Аризона. На овие места учествував на неколку настани за промовирање на брендот. Тоа е планот и за следнава година. Не е лесно, затоа што има многу конкуренција, но задовона сум со тоа што го постигнав за една година. Следнава година планирам да почнам да контактирам продавници, фитнес и јога студија. Па ќе видиме како ќе се развива брендот во иднина. 

Како се облекуваат Американките. За што најмногу водат грижа?

- Американскиот стил би го опишала како комфорен, практичен, спортски шик. Американците често мешаат различни стилови, како на пример патики со пантолони или сако со дуксерка, или со јога пантолони. Убава улична мода може да се најде во главните урбани центри. Американците се трендсетери на трендови. Но, поголемиот дел од народот не го интересира модата и носат практична и комфорта облека. Имаат многу слобода на изразување. По улиците може да видите различно облечени луѓе. Од дотерани, до луѓе штоносат пижами, но сѐ е прифатено и никој не реагира или се смее на нечиј стил.    

* Задоволни ли сте од постигнатото или сонот наскоро очекувате да стане реалност?

- Задоволна сум од тоа што го имам постиганто, но мојот сон е поголем. Мојата визија е да ги видам моите дизајни по улиците насекаде, во САД и пошироко. 

* Со што ве освои сопругот и колку ви е поддршка во работата?

- Сопругот ме освои со неговата смисла за хумор, големо срце и неговата поддршка кон мојата кариера.

Соња Алексоска Неделковска