Македонска манекенка на ревија на Долче и Габана: Ивана Манас дефилираше во Милано

Добивај вести на Viber

Минатата недела во Милано се одржа ревија на дуото Долче и Габана, каде дефилираше и Македонката Ивана Манас.

Специфична убавина и уникатен стил е она што ја краси нашата Ивана, а тоа е и токму она што е актуелно на светските модни писти.

Ивана е дел од модната агенција Моделс ИН, а соработува и со италијанска и српска модна агенција.

На ревијата во Милано, Ивана дефилираше рамо до рамо со светски манекенки, за најновата Есен/Зима 21, женска колекција на D&G.