Македонска свадба во Сиднеј: Татјана Лазаревска со круна од долари на главата, со сопругот Новица направија одлична атмосфера
Фолк- двојката Татјана Лазаревска и Новица Василевски повеќе од пет години живеат во Австралија, каде за разлика од многумина кога ќе заминат од државава, тие не се откажаа од музичката кариера.
Исто како овде, и таму се многу популарни и се уште настапуваат на најразлични музички настани организирани од и за Македонците таму, а пеат и на свадби.
Вчера Татјана објави неколку фотки и видеа на една од Македонските свадби во Сиднеј на која пееле со сопругот Новица и нивната група, а за тоа каква атмосфера направиле, доволно е да го погледнете видеото на кое Татјана има буквално круна од долари на главата.
Татјана и Новица се супер модно усогласени и изгледаат одлично.
А таа сподели и дел од салата во која се одржувала свадбата и глетката е бајковита.
(ГАЛЕРИЈА) Татјана и Новица купија куќа во Мелбурн