Македонската блогерка Несторовска ја покажа ќеркичката Анастасија: Првата недела со моето мало девојче

Добивај вести на Viber

Стефанија Несторовска е позната блогерка за здрава храна и инфлуенсерка која изминатива година ќе ја памети засекогаш.

Во февруари месец минатата година, нејзиниот долгогодишен партнер Стефан ја побара да му биде жена во убавиот и егзотичен Дубаи.

Парот истата година во октомври направи и свадбена веселба, на која Стефанија носеше интересна венчаница на која имаше многу детали.

Само еден месец подоцна блогерката со тест за бременост сподели со јавноста дека го очекува своето прво дете, а пред две недели се породи и на свет го донесе своето прво чедо, кое доби име со интересно значење - Анастасија.

Младата мајка, сега отки како им поминала првата недела од раѓањето на Анастасија, а она кое се забележува на фотките е дека нивното милениче кученцето Хари не се одвојува и го чува бебенцето.



Фото: Инстаграм - Стефанија Несторовска 

Блогерката Стефанија Несторовска на пресладок начин го откри полот на бебето: За тоа го употреби ова