Македонската манекенка Мија Стерјовска доби понуда да глуми во турска серија, ја бендиса продуцент од Истанбул

Добивај вести на Viber

Македонската манекенка Мија Стерјоска (18)  добила понуда да глуми во турска серија, од тамошен продуцент, откако пред неколку дена во Истанбул, ја освои титулата Кралица на убавината (Queen of Beauty), како најубава од сите 30 кандидатки од исто толку држави од Евроазија.

По прогласувањето на победата на нашата девојка, турскиот продуцент дошол и ѝ понудил на Мија улога во серија која е во план да се снима. Атрактивната скопјанка сè уште размислува дали да ја прифати оваа понуда, со оглед на тоа дека нема искуство со актерството.

За Женски магазин, Мија, која е членка на модото студио „Црнокрак“ го сподели искуството од овој избор, а раскажа и за неочекуваната понуда која ја добила.

- Турски серии понекогаш знам да се загледам дома. Лично не би се занимавала со глума, но ете добив покана додека бевме таму од една продукција да размислам дали би сакала да глумам во една нова серија која би се снимала од пролет токму во Истанбул, па кој знае, сè може да се случи, ќе размислам убаво и во консултација со Модното студио „Црнокрак“ ќе решиме што ќе се прави“, ни раскажа Мија.

- Градот ми остави многу убави впечатоци. Истанбул е огромен град и за една недела не стигнавме да го прошетаме цел, но местата кои ги посетивме ме воодушевија. Посебен впечаток ми остави турата на Босфор со брод, зајдисонцето, забавата и ручекот на бродот.

Сега сум четврта година во гимназијата Јосип Броз Тито, а за понатаму, за факултет сè уште се двоумам за неколку. Покрај тоа што сум модел, професионално се занимавам со кикбокс“, ни кажа Мија за себеси.

Освен Мија, уште една членка на Модното студио „Црнокрак“ успеала да освои титула, и тоа главната, победничка на изборот.

- Тоа е нашиот интернационален модел, Доти Полгар од Будимпешта, Унгарија, со која соработуваме речиси 8 години. Со тоа го продолживме успешниот низ на освоени интернационални титули, дури 15 кои само оваа година ги освоивме со девојките и момците од Модното студио „Црнокрак“. Но не застануваме тука, до крајот на годинава следат уште неколку избори ширум целиот свет", ни изјави Мики Црнокрак.

Изборот Кралица на Евроазија се одржа во Маскарада, еден од најдобрите клубови во Истанбул и цела Турција.

М.Џаровска