Македонската водителка Зорка со забава изненадување за свекрвата: Таа е најдобра на свет (ФОТО)
Зорица позната како Зорка, водителка на утринската програма на радио 2: „Тик Так и Зорка“ викендов ја изненади својата свекрва со роденденска забава
Имено нејзината свекрва Бенча наполни 70 години, а Зорка напиша дека таа е најдобрата свекрва на свет.
- За Зорка, ретко дека нешто не е кажано или видено досега (се смее). Мајка сум на 3 ипол годишно синче, маќеа на 11 годишен лепотан и среќна сопруга. Кога не сум на радио, сум на инстаграм под името @miss.mama.mk (се‘ уште немам објаснување за името, и не, не е поврзано со мис на свет). Дружам, вежбам, движам, мнооооогу сакам да читам книги, гласно се смејам но и плачам на филмови. Танцувам кога не гледа никој и сакам кога сум причината за насмевка на моите најблиски - раскажа водителката во интервју за Женски Магазин.