Македонски Телеком прославува 100 000 корисници на оптика
Македонски Телеком прославува 100 000 корисници на оптика коишто, по тој повод, ќе можат да активираат поголеми оптички брзини без дополнителен надомест. Приватните корисници ќе можат да ги активираат следните брзини во зависност од интернет пакетот: корисниците на интернет пакетот S, наместо 20Mbps ќе добијат брзина од 60Mbps, оние на M наместо 60 Mbps ќе добијат100 Mbps, додека оние на L наместо 100 Mbps ќе добијат 300 Mbps, а на XL наместо 300 Mbps, 1GB.
Активирањето на зголемените брзини е достапно преку апликацијата TelekomMK во периодот од 15 март до 13 април 2023 година и важи за сите активни корисници на оптички интернет од портфолијата Magenta 1, Internet & TV и Internet.
Македонски Телеком ја има најголемата оптичка мрежа во Македонија и продолжува со нејзино интензивно ширење за да можат да ја користат што поголем број корисници. Оваа технологија е неопходна за да се постигнат гигабитни брзини и напредни комуникациски услуги и решенија. Оваа година се планира масовномигрирање на корисниците од бакар на оптика во поголемиот дел од главниот град, како и во сите делови на државата каде што има оптичко покривање.
ПР објава