Македонски Телеком забрзано ја шири оптичката мрежа

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком продолжува со интензивно ширење на оптичката мрежа насекаде низ Македонија. Во делови од Скопје (Аеродром) услугите веќе се исклучиво на оптика, а старата технологија на бакар е демонтирана. Оваа година се планира масовномигрирање на корисниците од бакар на оптика во поголемиот дел од главниот град, како и во сите делови на државата каде што има оптичко покривање.

Македонски Телеком ја има најголемата оптичка мрежа во земјата, со повеќе од 270 000 домаќинства со пристап до оптика, а секоја година ја прави достапна за уште 25 000 нови.

Придобивките од оваа технологија се: високи брзини на интернет, стабилност и квалитет на услугата.

Чекор понатаму во процесот на модернизација е целосното напуштање на бакарната инфраструктура. Ова е дел и од нашата стратегија за заштита на животната средина. Со воведувањето на новите технологии и напуштањето на старите, покрај тоа што се добиваат поголеми брзинии подобра услуга, драстично се намалува потрошувачката на електрична енергија и бакарот повторно се искористува како ресурс.

Оптиката е технологија којашто е потребна за да се постигнат гигабитни брзини и основа за напредни комуникациски услуги и решенија потребни за дигитализација на општеството. За да ја овозможи оваа технологија за што поголем број корисници, Телеком посветено работи на забрзано ширење на оптиката и демонтирање на бакарот низ целата држава.

ПР објава