Македонските докторки како благороднички: Доминација со стилот
Велат, недај боже да одиш на лекар, но не ако одите на преглед и кај овие дами.
Лекарите се луѓе кои ни помагаат кога ни е нарушено здравјето, тие се тука за нас да ни помогнат. Ги гледаме на своите работни места секогаш во бел мантил, униформата што ја носат. Но, што има под мантилот, кој стил го избрале дамите од здравството. Како се облекуваат кога излегуваат некаде навечер, како за на работа, како во опуштена варијанта.
Имаме многу убави, дотерани докторки кои знаат како а и истите сакаат да се грижат за својот изглед. Една таква дама, која си го изградила својот стил е познатата докторка на Универзитетската клиника за детски болести, Аспанзија Софијанова.
Софијанова е позната во јавноста затоа што е транспарентна и е секогаш тука за своите пациенти-најмалите во државата и често можеме да ја видиме на разни семинари, работилници, но исто така Аспанзија е лекар кој секогаш отворено соработувал со новинарите и дава интервјуа.
Таа е дама која има свој изграден стил, за нејзини 55 години можеме слободно да кажеме дека изгледа одлично. Во зависност од темата на настанот на којшто треба да се појави , таа секогаш е облечена пригодно и во согласност со бонтонот.
Оние што подобро ја познаваат за неа велат дека обожава бои и истите знае како да ги искомбинира.
Едно е сигурно, директорката на клиниката за детски болести има страст кон очила. И за очила за вид и за сонце.И докторката специјалист за уво, нос и грло Маја Кирјас, која работи во Клиниката за оториноларингологија во Клинички Центар - Мајка Тереза е дама која изгледа топ.
Таа ги следи светските трендови, секогаш е облечена според последна мода, знае како да ги комбинира боите а особено деталите.
Др. Кирјас во интервју за Женски магазин ни откри дека сака да патува да истражува нови места и дека ужива во природата, морето и сонцето.
Таа е вистинска дама со изграден стил и совршено негувана руса коса.
Во тимот на овие три дами ја ставаме и дерматолог др. Симона Поповска. Оваа дама во јавноста е позната и по својата музичка кариера. Учествувала на многу музички фестивали, имала свои настапи и има неколку свои песни. Убаво пее, но исто така оваа докторка има и свој изграден стил. За на работа, за настапи, на настани, секогаш е облечена во согласност со настанот што го посетува, има супер фигура и е успешна.
Очигледно кариерата, успехот и убавиот изгледот одат рака под рака.Р.Ж.М.
Фото: Инстаграм и Женски магазин
Можеби ќе ве интересира:
Жените на македонските политичари: Скромни, убави и модерни