Здравје // Совети
МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО ПОД ЛУПАТА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Лекарите специјалисти масовно заминуваат од Македонија
Пристапот до лекари специјалисти во јавните здравствени установи е проблематичен, оценува во Извештаојот за Македонија Европската Комисија, потенцирајќи дека здравството во земјата се соочува со загуби на медицинскиот персонал. Се наведува дека особено лекарите специјалисти или преминуваат во приватните здравствени установи или пак заминуваат во странство.
– И покрај обезбедувањето на зголемени плати со цел да се задржат работниците, здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено специјалисти кои се селат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство. Персоналот продолжува со потребата од специјализирана обука за користење напредна здравствена опрема, наведува ЕК.