Актуелно // Insta вести
Мала принцеза на тато: Најмалата ќерка на Џамбо Агушев полни 1 годинка
Најмалата ќерка на македонскиот трубач со интернационална кариера, Џамбо Агушев денес слави роденден.
Малата Алина која е четврта среќа на музичарот полни 1 годинка.
„Ќерко моја мила, врапче мое, денес е твојот прв роденден, Господ да ти даде многу години исполнети со здравје, среќа, радост и мир. Малата принцеза на тато, многу те сакам Алина моја“ - напиша Агушев на Фејсбук објавувајќи и две фотографии.
Џамбо и неговата сопруга Асена се во брак 12 години. Плод на нивната љубов се ќерката Севги, синот Мерт, ќерката Мелинам и најмалата ќеркичка Алина.
Асена, по потекло е Турчинка која живеела во Германија. Се запознале на еден негов настап во Германија. Џамбо ја заблежал во публика, му се допаднала, и ја поканил на состанок.
ФОТО: Инстаграм