МАЛАЛА СЕ ВРАТИ ВО ПАКИСТАН: Како нобеловката е пречекана во родната земја?

Добивај вести на Viber

Добитничката на Нобеловата награда за мир, Малала Јусафзаи денеска се врати во Пакистан. 

Oва е прва посета на земјата  откако Талибанците ја застрелале во 2012 година, поради нејзиното залагање за образование на девојчињата.

Јусафзаи (20) на аеродром ја дочекаа строги мерки за обезбедување. Локалната телевизија ја сними со родителите во ресторанот на аеродромот, пред да замине во конвој од 15 возила, со добро вооружени полицајци.

Таа вели дека ќе продолжи да се бори за образованието на девојчињата во Пакистан.

На приемот кај пакистански премиер Шахид Хакан Абаси, Јусафзаи изјави дека е многу среќна што повторно е во Пакистан, првпат од 2012 година, кога Талибанци и пукаа во главата. Таа рече дека откако да ја напуштила земјата, секогаш мислела на враќање.

Абаси вели дека е среќен што дошла и дека тероризмот во Пакистан е елиминиран. Нејзиното враќање во Пакистан беше тајна, не се знае колку долго таа ќе биде во Исламабад и дали планира да оди во родниот град Сват, каде што ја нападнаа Талибанци.