Малата Ана го победи Ковид-19 и покрај малигното заболување, нејзината насмевка ми е посебно драга: Интервју со проф.д-р. Аспазија Софијанова
Ќе се стремиме кон една поинаква реорганизација, пред сè на постигнување на поголема ефикасност на работењето во Клиниката за детски болести, со крајна цел, да постигнеме повисоки стандарди во лекувањето и третманот на најмалите пациенти, вели во денешното интервју за Фактор, директорката на Клиниката за детски болести, проф.д-р. Аспазија Софијанова. Вели дека фокусот ќе биде ставен на амбулантскиот дел, бидејќи како што посебно истакнува, од исклучителна важност се пациентите кои имаат хронични заболувања, а кои терапијата единствено може да ја примат само на Клиниката за детски болести. Како единствена здравствена установа во која се третираат ретки болести кај најмалите пациенти, проф. д-р. Софијанова со посебна гордост говори за успешноста на ова поле од медицината и за детските насмевки кои за нив се потврда дека правилно ја завршиле задачата.
По не цели четири години повторно сте на чело на Клиниката за детски болести, што увидовте дека недостасува и на што ќе го ставите акцентот како прв човек на оваа исклучитено важна здравствена институција во земјава?
Проф. д-р. Софијанова: Ова е навистина клучната клиника, место каде што се лекуваат децата и каде што е врвниот академскиот кадар од оваа област. Постојат убави детски болници и низ целата државата, но тука е академкиот кадар од каде што потекнува професионализмот во највисоката смисла на зборот и од каде што потекнуваат лекувањата на најтешко болните дечиња, а тоа е токму Клиниката за детски болести. Можеби тоа беше и една од причините заради кои сепак останав тука и покрај оној гап период кој што постоеше. Најискрено она што сепак сметам дека треба да се надополни, да не речеам да се надогради, е токму постоењето на малку поинаква организација и подигнувањето на нивото на стандардот на однесувањето и кај нас, самите здравствени работници и соработници и се разбира на она што ние треба да го дадеме кон пациентите. Се разбира, во мојот однос и прецепција и претходно и од тоа што го имам прошетано да не речам целиот свет, многу болници во светот, каде што се имам едуцирано, доедуцирано и така натаму, постојат многу болници биле модел кон кои се стремиме за да направиме малку една покрупна реорганизација. Кога велам покрупна реорганзација, сметам да ги постигнеме стандардите кои ги бараат сите оние акредитации, реакредитации на самата болница, пред се стандардди на однесување, лекување, една организација во која малку повеќе ќе има состем на еден ред на однесување, таа помалку комфортна зона ќе мора малку да се стегне. Ова е искрено, и ова е токму јас.
Иако не сте ковид центар, како работите во услови на повеќемесечната криза?
Проф. д-р. Софијанова: Ние воопшто не бевме маргинализирани во тој дел, ниту пак остануваме маргинализирани, иако официјално не сме ковид центар. Меѓутоа, со Институтот за белодробни болести кај децата – Козле, каде се лекуваат децата заболени од корона вирусот, сме во континуирана соработка. Токму пред да се случи овој наш разговор, имав една консултација за дете кое се лекува таму и ние постојано даваме совети и сугестии, разговараме за терапија, значи постојано сме во договори околу нивните лекувања. Инаку, на Клиниката за детско болести има строги протоколу и стандарди во однос на однесувањето, односно движењетона пациентите и сметам дека тоа е релативно добро организирано. Во разговор со портпаролот на Клиниката за детски болети, Марија Тасев и со луѓето од поблискиот тим, размислуваме да направиме и тука една реорганизација, која ќе се однесува на хоспитален дел , кој ќе мораме да го одвоиме и нехоспитален дел. Ургентниот центар се пренамени во така наречено одделение за прием на суспектните пациенти, ќе видиме како тоа би го реорганизирале, бидејќи сè некако стана ковид, а ние не сме ковид центар и некако сите пациенти се ставија во таа категорија, што ќе значи дека ќе мора некако да го адаптираме сето тоа и да бидеме поажурни во тој дел. Јас секој момент ги очекувам брзите тестови бидејќи сметам дека тие ќе бидат една од диференцијалните дијагностики за да не се случува пациентите да чекаат. Во таа насока сакам да истакнам дека го добивме и шаторот од Министерството за одбрана, а кој е поставен пред Клиниката. Практично таму ќе ги правиме брзите тестови со цел и приемот на пациентите да биде олеснет. Доколку излезат позитивни ќе одат во Козле веднаш, и посебно сакам да нагласам дека секогаш сум за тоа да не се двојат децата од мајките. ПОставувањето на шаторот е исклучително добра работа, би го нарекла тампон зона, која навистина многу помага. Претходно, додека бев на Одделот за интензивна нега, ако сусппектните дечиња се докажеше дека се позитивни веднаш ги праќавме во Козле, но тоа беше место каде подолго се остануваше, децата беа сами и се созадавше една атмосфера каде можеше да се случи да има и позитвно и негативно дете, тогаш факторот на ризик се зголемуваше. Значи мора да постои една поголема реорганизација, која се додека трае пандемијата ќе ја стави Клиниката во поголма функционалност. И од друг страна, треба да работат амбуланите. Во изминатиот период ни се затвори малку тој амбулантски систем, иако на секој влез мериме температура, се прави дезинфекција. Но, истовремено, мора да мислиме и на хроничните болни, што правиме со нив? Тие кои навистина имаат потреба од користење терапија која ја има ексклузивно само на клиниката. Што правиме со дечињата со ретки болести, со хроничните пациенти од типот на хематоонколошките болести каде мора да се има дополнително поголем надзор, и во краен случај мора да се прават редовните контроли кај пациентите со хронични заболувања. Практично, во претходниот период беше намален процентот на ефикасноста на работењето, што на мене како Влаинка, веднаш ми падна во очи. Сега имам една друга позиција, како менаџер мора да се грижам за профитот кој треба да дојде во Клиниката и услугите што треба да ги даде. Тоа е две работи кои некако ми недостасуваа во целата приказна.
Целото интервју на др. Аспазија Софијанова, директорката на Клиниката за детски болести, прочитајте го на Фактор.мк