Мама Адријана искрена: „Ќе видиш“ – најлошото нешто што може да ѝ го кажете на бремена жена

"Да, ќе види. Да, јас видов. И пак ќе видам. И се радувам за тоа. За сè. И на она што е тешко и фрустрирачки и на она што е застрашувачко и на она што прави солзи од беспомошност", вели мајката на мало преслатко девојче.

„Ќе видиш."

Тој збор. Тој збор што го слушнав безброј пати за време на бременоста. Честопати препознавав дека се изговара без добри намери. Премногу често ми го кажуваа, како онаа саркастичното „ ха, ха, ха, ха“, наместо да ми кажат што треба, како да се убалжи, олесне, да ме смират. Понекогаш чувствував дека сум користена за потсмев, како еден вид исмејување на моето незнаење и неискуство, насочени кон мене како стрела со намера да ја рстреперат мојата негрижа и да ми ги расипат фантазиите.

Тој збор е најлошото нешто што може да ѝ го кажете на бремена жена. Не кажувајте и го тоа. Да, таа ќе види. Да, видов. И во иднина ќе гледам. И со нетрпение чекам. Сè. И на она што е тешко и фрустрирачко и кон она што е застрашувачко и од што потекнуваат солзи на беспомошност. Премногу е тешко да се справате со емоциите и да останете трезвени. Затоа, бидете и ветар во грб на жената, бидете и поддршка, бидете забавни, бидете нејзино рамо за плачење и светкавиот телефонски екран за кореспонденција и жалење. Пружете и рака и каснете го јазикот пред да кажете: „Ќе видиш“. Дајте и поддршка и додајте волја. Мотивирајте ја и инспирирајте ја. Тој збор може да „пече“ многу, но никој нема ви го каже тоа во лице. Таа ќе молчи и ќе го проголта, а тоа е голем залак за некој кој допрва треба да открие како е да се биде мајка, за некој кој сè уште чека да се породи и во тие први денови со бебето кога не сте свои.

Кажете и што убаво ја чека, што да очекува, кажете и која е магијата во гледањето на вашето дете и како благодатта се влева низ градите додека го вдишувате мирисот на бебето. Кажи и како се оди брзо и кога се чини дека нема крај. Кажи ѝ да го користи секој момент, секоја минута, секоја секунда. Затоа што растат толку брзо…




Најдобро „ќе видиш“ го добив од мојата кума. Никогаш нема да заборавам колку беше среќна кога и реков дека сум бремена и како таа по неколку месеци ми кажа: „Тој ме прегрна ова утро, ме погледна директно во очите и ми рече Мама! Не можам да дочекам и ти да го почувствуваш тоа!“ ,и благодарам за тоа.

Мајко, биди мелем на друга мајка, а не пелин.

Мама Адријана


Извор: zenskiktak.rs

Фото: Instagram

Неверојатна приказна: Чекаа деца 14 години, па добија тројка во време на пандемија