МАМЕЊЕ НА ТУРИСТИ: Ова е најголемата антиреклама што самите на себеси си ја правиме

Добивај вести на Viber

И ова лето во медиумите имаше поплаки дека таксистите во Охрид наплаќаат поскапо од реалната цена, со што ги мамат странските туристи. Поплаки имало и за обиди за измама, односно наплаќање на повисока сума и во угостителски објекти. Скоро во јавноста се појави таков пример со непријатно искуство на холандски турист во Скопје. Сето ова придонесува за лош имиџ и му штети на туристичкиот сектор.

„Антиреклама е тоа. Во сите ресторани има телефон на Државен пазарен инспекторат, секој патник од Европската Унија(ЕУ) е свесен дека постојат такви институции и треба да ги побара. За таксистите во Охрид треба општината и полицијата да се погрижат. Не се справуваме најдобро, тоа е лоша реклама. Ми кажувале многу често дека таксист не сакал да ги вози на кратка релација, ги однел до хотел, им земал повеќе пари, не било по таксиметар. Земаат паушални цени. Свеста треба да работи, но и органите. Повеќе на Фактор.мк

Фото: unsplash