Mancera Paris - Онаму каде митовите се родени и иднината е креирана

Добивај вести на Viber

Mancera е француски бренд на парфеми кој е релативно нов на пазарот. Постои од 2008-ма година и во својата колекција брои над 60 уникатни мириси. Она што ги прави парфемите на Mancera уникатни и посебни се скапоцените и луксузни состојки, ретки и рефинирани материјали, инспирирани од Art Deco дизајните.

Најновото што францускиот бренд го нуди се два мириса создадени за незаборавни летни доживувања. Ви ги претставуваме новите Mancera парфеми: Precious Oud и Soleil D’Italie.

PRECIOUS OUD

Рефинирана мандолина која ги ослободува зачинетите ноти на јасмин, бергамот, какао и кафе, оставајќи суптилни траги на виски и ванила на кожата.

SOLEIL D’ITALIE

Современ мирис инспириран од италијанско патување кое ги комбинира тоничните ноти на сончеви цитруси, со слатки ноти од мирис на роза, ветивер и килибар што води до водна хармонија на екстремна свежина.