Марија Матиќ, раководител на Модулот Медиуми на Direct Media Академија: Ќе покажеме во која насока се движат медиумите
Носител на најголемите промени во рекламирањето и комуникациите се медиумите. Дигитализацијата и комуникацијата управувана од податоци донесе нови медиуми, а старите, традиционалните несомнено се модернизираа. Кои се тие променишто влијаат на веќе богатиот медиумски екосистем и каде во сето тоа се наоѓа човекот – ќе биде темата на Модулот Медиуми – Нов медиумски свет, што ќе се одржи во рамките на Direct Media Academy од 28 до 30 Мај.
Ако сте на патот да станете "нов човек" за новиот медиумски свет, ова е вистинското место за вас, порачува Марија Матиќ, раководител на Модулот Медиуми на Direct Media Academy и Data&Communications Directorво DIRECT MEDIA United Solutions.
1.Direct Media Академијатастана препознатлива едукација во светот на маркетингот и адвертајзингот. Кој е фокусот на овогодинешната едукативна конференција?
Во наредните 5 години, рекламната индустрија ќе се промени повеќе отколку во претходните 50, проценуваат маркетинг експертите. Токму овие промени се во фокусот на овогодинешната Direct Media Academy. Сите промени кои ни ги донеле дигиталните платформи и кои постојано ги носат новите генерации се во преден план на Академијата. Истовремено, ќе ги разгледаме сите аспекти на современиот маркетинг, па преку модулот Брендинг што го води мојот колега Митја Тушкеј ќе зборуваме за современото брендирање. Повторно собравме силен тим предавачи кои на Фестивалскиот ден ќе зборуваат за контент, StoryTeching, технологиите и иновативното управување. Во светот, оваа година се одбележуваат 500 години од смртта на Леонардо да Винчи, па така и Direct Media Academy 2019 е инспирирана од ликот и делото на овој визионер и неговите принципи на отвореност, универзалност и поврзаност кои одбележаа една ера.
2.Која ќе биде целта на модулотМедиуми – Новиот свет на медиумите,чиј модератор сте вие?
Mainstream aдвертајзингот е на раскрсница.Маркетингот се менува, а медиумите се само еден дел од овие промени. Можеби денес сеуште важи мислењето дека постојат традиционални и нови медиуми, но во рамките на модулот Медиуми ќе покажеме дека таква граница повеќе не постои. Ќе го покажеме правецот кон кој се насочени сите медиуми, а пред сѐ тоа сеdata-drivenкомуникациите и иновативните технолошки решенија.
3.Што би издвоиле како клучни промени во медиумите во последните десет години, а што допрва нѐ очекува?
Едно е сигурно, а тоа е дека дигиталната трансформација ги одбележа последните 10 години. Сега веќе се размислува како понатамошнода се развијат нови платформи и како пред сѐ, преку колаборативни платформи да се обезбеди поефкасно таргетирање.Многу брзо нѐ очекуваат нови технолошки решенија, кои пред сѐ, ќе се фокусираат на нов начин на конзумирање на видео содржините.
4.За кого е наменет модулот Медиуми?
Game Changerе најчестиот израз кога се опишуваат сите промени кои нѐ очекуваат. Според ова, модулот Медиуми е наменет за сите кои себе се гледаат какоgame changer-и. Оние кои сакаат да се запознаат со новите медиуми и оние традиционалните, но во ново руво. Како и оние, кои пред сѐ, се спремни да се впуштат и самите да се променат себеси.
5.Кои особини и вештини треба да ги поседува еден маркетинг, адвертајзинг или комуникациски професионалец во новата ера на комуникациите?
Особините се секогаш исти, секоја ера бара посветеност, желба за нови знаења и постојано усовршување. Оваа ера, можеби повеќе од било кога, овие особини ќе ги стави во прв план.
Обезбедете early bird пријава за Direct Media Academy преку сајтотwww.directmediacademy.com до 1-ви мај!
За МАРИЈА МАТИЌ
И денес меѓу нас постои една ренесансна жена – сестрана, отворена и креативна. Нејзиното име е Марија Матиќ, а DIRECT MEDIA United Solutions ја има таа среќа да баш на тој систем му подари речиси 20 години од својот професионален живот. Нејзините вештини обединуваат цел комуникациски процес,таа е Data & Communications директор и управува со секторите Data, Research, Insight и Creative во рамките на системот на DIRECT MEDIA United Solutions. Покрај тоа, секогаш е насочена кон иднината, па неа и го препуштивме и развојот на нови услуги, интерни алати и истражувања, како и напредни методи меѓу кои иmachine learning. Во својата биографија има запишано учества на повеќе од 50 конференции и панели во Србија и регионот. Своето знаењесо големо задоволство го пренесува на младите лидери преку едукативните програми на агенцијата, но и преку екстерни програми. Марија е првиот модератор на медиумскиот модул на едукативниот проект IAA Србија – AcademIAA. Член е и на Организацискиот одбор на овој проект. Како член на работната група на IAA, учествувала во пишување и изработка на професионалниот Кодекс на маркетиншки комуникации и огласувања во Србија.