Марија Шерифовиќ го прослави 38. роденден: Еве кои беа нејзините единствени и посебни гости (ФОТО)
Српската пејачка Марија Шерифовиќ, која своевремено со песната „Молива“ го воодушеви цел свет и триумфираше на Евровизија, го прослави својот 38 роденден.
За гласот на Марија нема потреба да се трошат зборови, бидејќи таа важи за една од најдобрите вокали во регионот и пошироко. А бројните колеги не ја пропуштија можноста да ѝ посакаат се најдобро за роденденот.
Цеца Ражнатовиќ, Наташа Беквалац, Илда Шаулиќ, Ана Бекута, Ана Севиќ, Мира Шкориќ, Јована Николиќ, Андреана Чекиќ, нашата Калиопи - се само дел од колегите кои ѝ честитаа роденден.
Марија им се заблагодари на сите за убавите желби, а како роденденски статус на социјалните мрежи остави малку необична, но пред се искрена порака.
- Храбро сакам, храбро работам, храбро верувам, храбро грешам, храбро се каам и храбро простувам. Тоа ме чини во животот, но храбро ја плаќам и сметката за тоа.
Одиме Шеки понатаму.
Сега сме само на половина пат! Љубов - напиша Марија.
Многумина разбраа дека Марија овде размислува за својот досегашен живот и за нејзините добри и лоши потези во него, кога се работи за љубовта, работата и некои други лични работи. Сепак, од ова е јасно дека пејачката со моќен глас сфаќа некои од своите пропусти, но дека и покрај се, храбро оди напред.
А единствени гости на нејзината роденденска забава, кои ѝ го разубавија прекрасниот ден и ја насмеаја, беа нејзиното куче Хак и Тоби - кучето на мајка ѝ Верица. За оваа свечена пригода и тие беа дотерани како што доликува, со црвена машна околу вратот.
извор:GLOSSY
Се огласи Марија Шерифовиќ по тврдењата за љубовна врска со Јована Пајиќ: Кажа сѐ што ѝ лежеше на душа
Марија го покажа станот од 200 000 евра: Шерифовиќ ужива во своите 80 квадрати во елитна населба (ФОТО)