Маријана стана баба на Велигден, Росана пресреќна: Имам грутка во душата што не сум со неа
Пејачката Маријана Новачевска, сестрата близначка на Росана Сариќ- Тодоровска стана баба. Снаата на Маријана, сопругата на синот Филип, Анастасиа, денес во Мелбурн ја роди Ива, првата внука на Маријана и на Тоде Новачевски. Маријана која со семејството долги години живее во Мелбурн, Австралија, работи како стоматолог и се повлече од јавноста и од музиката.
За убавата вест, на својот Фејсбук профил, прва објави Росана.
„Добив внуче од внук ми Филип на Маријана. Таа е пресреќна, ова е прво. Се роди баш на Велигден. Малку е лудило ситуацијата, но тоа е што е. Мој Филип, мој внук мое злато и душа, стана првпат татко а снаата Анастасиа првпат мајка. Среќни сме сите, пресреќни, со солзи на лицето и со грутка во душата што не сум таму. Добро ни дојде наша принцезо, наша Ива“, изјави Росана за Женски магазин.
На својот Фејсбук профил, минатата година Маријана објави фотографии со ќерката Магдалена, со синот и со снаата. „Некои велат свекрва и снаа, а некои све крива и снаа.
Анастасиа и Маријана
Филип - синот на Маријана и снаата Анастасиа
Магдалена - ќерка на Маријана и снаата Анастасиа
Како и да е, убавина е“, напиша Маријана под фотографијата со снаата Анастасиа. Под другата слика на која се ќерката Магдалена и снаата, Маријана напиша: „Моите две ќерки“. Магдалена и Филип се деца на Маријана и на композиторот Тоде Новачевски, нејзиниот поранешен сопруг, кој е автор на повеќето од хитовите на Маријана и Росана. Новачевски исто така често објавува семејни фотографии.
(М.Џ.)
Маријана ќе стане баба, се радувам и се плашам за неа: Росана за сестрата близначка
(ФОТО) Внукот на Росана наполни една година
Росана Сариќ: Овој роденден на ќерка ми е посебен, го славиме со Маријана
(ФОТО) Маријана и Росана повторно заедно