Маријана Станојковска ќе ви покаже како се носи венчаница со голи гради: Ни вулгарно, ни провокативно, а секси

Добивај вести на Viber

ТВ водителката Марјана Станојковска е девојка која секогаш внимава на својот изглед. Без разлика дали станува збор за „аутфит“ за пред камера или пак за комбинација за прошетка или кафе, таа има свој формиран впечатлив стил. 

Овој пат атрактивната водителка се појави во раскошни невестински фустани, сон на секоја невеста.

Иако станува збор за модели кои го истакнуваат деколтето во прв план, Маријана знае како да ги носи ваквите венчаници, а во ниту еден момент да не изгледа вулгарно, но баш спротивно сензуално секси, со вкус.

Големиот „V“ израз на двата фустани, прилега одлично на водителката.

Фото: Инстаграм профил на Маријана Станојковска