Марко и сопругата на прв одмор со близнаците: Тие нема да се сеќаваат, ама ние никогаш нема да го заборавиме првото одење на плажа со нив

Добивај вести на Viber

Водителот Марко Новески или Марко „Дај побрзај“ и неговата сопруга Цена во април станаа родители на близнаците Вања и Веда

Гордите мајка и татко за прв пат ги однесоа синот и ќерката на плажа, а Марко по тој повод напиша:

„Одиме на плажааааа. Можеби Веда и Вања нема да се сеќаваат ама јас и Цена сигурно никогаш нема да го заборавиме првото одење на плажа со нив.“


Марко претходно во интервју за Женски магазин раскажа како сега му изгледа едно секојдневие со две бебиња. Вели дека денот му е доста турбулентен, активен и изменет, но исполнет и среќен.