Машко име кое стана популарно по Втората светска војна: Има моќно значење, а денес ретко кое бебе го носи

Покрај во Македонија, ова име може да го слушнете и во Србија, Црна Гора, Бугарија, Словенија, Русија и Унгарија.

Бошко е старословенско име кое станало многу популарно по Втората светска војна. Меѓутоа, денес ретко ќе слушнете за момче кое го носи ова име.

Постои претпоставка дека името Бошко потекнува од зборот „Бог“, и затоа има длабоко, убаво значење.

Како што е наведено, ова име го има следното значење: „оној кој е создаден од Бога“; „оној кој е сакан од Бога“ и „оној кој е почитуван и му се верува“.

Кога станува збор за популарноста на ова име по Втората светска војна, за тоа придонесе Бошко Буха. Бошко Буха беше млад партизан кој стана еден од најголемите херои од Втората светска војна во Југославија. Убиен е во 1943-та година, а по војната постхумно е одликуван со Орден народен херој на Југославија.

Извор: espreso.co.rs