Масовна тепачка на настапот на Милица Павловиќ: Најбогатото ромско семејство демолираше хотел во Белград (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

За време на новогодишната ноќ Белград беше полн со странски туристи, но покрај радост и добра забава имаше и такви кои прославата ја претворија во вистинска ноќна мора. Во престижен белградски хотел сред рецепција настанал вистински хаос!

Според неофицијални информации, членовите на најбогатото ромско семејство, кои дошле од странство да ја дочекаат Новата година во Белград, направиле тотален метеж. Откако персоналот на хотелот ги прекорил дека користеле наркотици на масата, настанала масовна тепачка. Гостите почнале да ги демолираат просториите на хотелот, тепајќи ги сите пред себе, а Милица Павловиќ сето тоа го следеше од бината.

Сведоците тврдат дека се започнало во моментот кога Милица го изведувала својот хит „Луда за тобом“, песна на Лепа Брена. Во тој момент се излегло од контрола. Гостите почнале да се судираат, а атмосферата набрзо станала хаотична. Многумина во паничен страв се обиделе да побегнат од хотелот, додека дел од гостите буквално избегале низ прозорците!


Инаку, Милица Павловиќ пред почетокот на настапот во најлудата ноќ ги сумираше впечатоците од 2024 година.

- Ви посакувам многу љубов, убави патувања, топли прегратки, добри песни,  нервираат луѓето помалку да не нервираат и да ги избришеме сите лоши луѓе од нашите животи, а да ги оставиме само добрите. 2024 година беше успешна, насмеана, добра година за мене, имаше многу предизвици на кои одговорив со крената глава – рече таа.