„Сите знаеме како е кога ќе заседнеме во кафеана“: Ацо Пејовиќ откри дека пиел во огромни количини, а потоа целосно го променил животот
Пејачот Ацо Пејовиќ е познат по својата извонредна кариера и бројните хитови, но и по тоа што во последно време многу ослабе.
Пејовиќ во едно од интервјуата ја откри тајната на својата трансформација, престанал да консумира алкохол.
-Не сум испил капка вино откако почнав да се хранам правилно! Веќе некое време се воздржувам... Слатките ми се помалку проблем, бидејќи не ги јадам.
- Шеќерот веројатно го надополнив со виното што го пиев секој ден. Знаете како е во нашата работа. Седнуваме, во кафеана, ручаме, со ручек оди вино, па се опиваме и така до доцна. Сите ние пејачите знаеме како е кога ќе седнеме во кафана. Има деловни состаноци, и ако некој сака вака да излегува приватно, секако дека ќе се здебели од алкохол. Дури тогаш почнав да губам килограми за сите пари – изјавил за медиумите Ацо и признал дека алкохолот претходно бил дел од неговиот живот, особено поради природата на неговата работа, која вклучува чести настапи и дружење. Сепак, тој сфатил дека алкохолот негативно влијае не само на неговото здравје, туку и на неговиот изглед и енергија, па решил да направи добри промени.
Освен што ги изгуби вишокот килограми, Пејовиќ забележал подобрување на општата здравствена состојба, како и повеќе енергија во текот на денот.