Актерот Милан Калиниќ физички нападнал жена: Побегнал, па се предал на полицијата

Добивај вести на Viber

40-годишна жена неколку минути по полноќ повикала полиција во Нов Белград и рекла дека ја удрил нејзиниот емотивен партнер Милан Калиниќ, дознава „Телеграф.рс“.

Неофицијално по насилството актерот побегнал.

Како што дознава „Телеграф.рс“, Калиниќ синоќа се предал во полиција и му била изречена итна мерка - забрана за приближување и комуникација.

Жената наводно рекла дека познат актер ја удрил во главата во нејзиниот стан во Нов Белград.

Таа ја одбила помошта на лекарот од итната помош и на полицијата и рекла дека сама ќе оди кај својот лекар.

За случајот е известено обвинителството во соседна Србија.


Фото: Youtube - screenhsoot