Ресторан Амбрела со поддршка на проектот Образование за вработување и во соработка со АВРСМ спроведе обуки за угостителски вештини за лица со попреченост

Добивај вести на Viber

Со цел афирмација на нивните способности и ново стекнати вештини, како и нивно социјално и економско зајакнување, ќе се случи свечено доделување на сертификати на 18.09 во 16.30 часот, во Амбрела (ГТЦ) на настан кој ќе го отвори Директорката на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија – Г-ѓа Билјана Јовановска.

За поддршката на програмата ќе зборува заменик-амбасадорот на Швајцарија Stéphane Тomagian (Штефан Томагиан), а сертификатите ќе ги додели Марјан Петров, сопственик на Амбрела.

Проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@mk) е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, а се имплементира од страна на ХЕЛВЕТАС Северна Македонија, Македонскиот центар за граѓанско образование и Стопанската комора на Македонија. Главната цел на проектот е да придонесе кон подостоинствено вработување на младите (15 – 29 години), вклучително и на ранливите групи, на социјално-инклузивен и одржлив начин.

Дополнително, се покануваат и претставниците на Бизнис заедницата да дојдат, и да се уверат во способностите и можностите на обучуваните лица, кои за настанотот ќе подготват кетеринг, и во текот на настанот ќе се најдат во улога на конобари.