Матурантката Хана Селмани ќе учи на Њујорк универзитетот во Абу Даби со целосна стипендија

Добивај вести на Viber

Хана Селмани е матурантка во меѓународното училиште „Нова“, а ќе го продолжи своето академско патување во едно од најпрестижните училишта во светот – универзитетот Њујорк на кампусот во Абу Даби. Таа го започнала својот пат во „Нова“ на почетокот од средното училиште и е задоволна со изборот што го направила.

- Сега можам да кажам дека сум задоволна од мојот избор на училиште бидејќи првичниот впечаток кој го имав за „Нова“ остана до крајот на моето школување. Бев изложена на различни перспективи во текот на сите мои четири години. Особено уживав во дисциплината и динамичното темпо на часовите што се дел од искуството во „Нова“ бидејќи тие ми ги потенцираа силните страни, ми помогнаа да се подобрам во одредени области и верувам дека ме подготвија за универзитетот - вели Хана.

Ми се допаѓа натпреварувачката атмосфера


Доби целосна стипендија од универзитетот Њујорк на кампусот во Абу Даби. Зошто реши дека ова е најдоброто место за тебе, со оглед на тоа дека имаше понуди од неколку други универзитети?

Покрај тоа што е многу конкурентен и престижен универзитет и има одлична програма што би сакала да ја студирам, верував дека овој универзитет во Абу Даби ќе биде совршен за мене. На Блискиот исток, студентското тело е разновидно, а местото е културолошки ново за мене, што ќе ми помогне да излезам од мојата комфорна зона и да размислувам неконвенционално. Програмата во NYU во Абу Даби се фокусира на холистички развој на студентите наместо на тесна специјализација само во нивните главни предмети - нешто што мене ме заинтригира. Покрај инженерството, многу сум заинтересирана и за уметност и дебата.

Целото интервју на Хана Сулејмани прочитајте го на Фактор.мк