Mavrovo2 Residence, нова хит дестинација за вљубенците во планината

Маврово важи за една од нашите најубави места во државата. Живописно место, идеално за одмор и релаксација преку целата година. Но досега, единствена можност да се поседува своја недвижност беше да се купи земја на која ќе изградите своја викендица. Тоа повлекува огромни средства за инфрастуктура како пристапен пат, струја, вода и ја прави одлуката за инвестиции во таква недвижност нерационална.

Поседувањето свој апартман во индивидуален станбен објект од само неколку станбени единици со посебен влез на планина звучи како идеална можност за сите што сакаат да имаат алтернативна дестинација за престој во период на викенди, одмори, празници и преку целиот период од годината. По примерот на големите ски центри или планински места, токму една ваква можност ќе биде достапна во срцето на Маврово, на помалку од 100 метри одалеченост од скијачките лифтови. Станува збор за инвестицијата на компанијата Forton Invest која токму на оваа локација наскоро ќе почне со изградба на индивидуални станбени единици. За Forton Invest, за ова најнова инвестиција во градежниот сектор како и за можностите што ќе ги понуди, во интервју за Фактор зборува Александра Петрушевска, извршен директор на компанијата.


Петрушевска: Forton investment е новоформирана компанија која е „ќерка" фирма на FORTONMKA/Cushman&Wakefield, компанија која има долгогодишно успешно работење на пазарот на недвижности во Македонија и регионот како специјализирана компанија за посредување и консалтинг. Во текот на годините со успешното работење на FORTONMKA/Cushman & Wakefield во секторот на недвижности, сосема природно се наметна потребата од формирање на Forton Invest, компанија која има за цел да се фокусира во градежниот сектор преку инвестирање во изградба на недвижности. Преку оваа компанија практично влегуваме за прв пат во инвестициска активност и следејќи ја експертизата и знаењето на ‘мајката’ фирма, Forton Invest влегува во облaста на градежништвото со фокус на комерцијалниот и резиденцијалниот дел на недвижностите. За почеток се одлучивме за изградба на нешто не несекојдневно и уникатно, но многу атрактивно за нашиот пазар, а тоа е комплкес во една од најубави природни локации, националниот парк Маврово, Mavrovo2 Residence.

Од каде идејата токму Маврово како место за инвестирање и зошто токму колективно домување на планина?

Петрушевска: Маврово не е случајно избрана локација, но е резултат на претходни опсежни анализи на пазарот на недвижности. Нашите истражувања покажаа дека има недоволна искористеност на нашите планински центри, особено Маврово земено како наш најатрактивен природно рекреативен потенцијал. Дополнително дојдовме до сознанија дека постои голем интерес на поедноставен и попрактичен начин да се дојде до свое живеалиште на планина. На глобално ниво, или во атрактивните ски и планински центри, се повеќе има побарувачка на апртмани за купување пред се поради својата предност која ја носат. Динамичниот и професионален животен стил, не дозволува доволно време за изградба на викендица, што од друга страна бара редовно и високо одржување, како и сложените административни процедури ги обесхрабруваат потенцијалните купувачи. Апартман во индивидуална станбена зграда со неколку станбени еденици е далеку поедноставно и поприлагодено решение за свој дом на атркативна локација за одмор. Од овие причини сме сигурни дека Mavrovo2 Residence ќе биде привлечна солуција. Маврово самото по себе, со чистиот воздух преку целата година и природата е идеално прибежиште од градскиот метеж, како и да се создат здрави навики за спортување во природа и планинарење со цел да се намали стресот, да се релаксираат и луѓето да ја обноват својата енергија.


Каква е всушност самата инвестиција Mavrovo2 Residence. За каков концепт се работи, колку и какви објекти се планирани и со кои големини?

Петрушевска: Mavrovo2 Residence е проект кои пред се има многу атрактивна локација, на која работевме повеќе од две години да ја откупиме од голем број на сопственици. Се планира да се гради во две фази. Комплексот ќе се протега на површина од приближно 8500 м2, ќе има уникатна архитекстонска градба во каскаден редослед и се наоѓа на падините веднаш до скијачките терени. Локацијата е внимателно избрана за да понуди беспрекорен поглед кон планиниски падини односно скијачките терени и езерото. Истовремено се наога на само 3 минути пешачење до почетната точка на ски лифтовите или до подножјето на скијачките патеки. Комплесот ќе понуди станбени единици како и индивидуални куќи со површина од 40 до 100 м2. Завршните материјали ќе бидат на база на природни материјали како дрво и природен камен се со цел да понудат пријатен и топол амбинет за идните станари. Како момент на есклузивитет ќе понудиме и одреден број на станови со камини и спа центар на најгорното ниво. Нашата намера е да изградиме апартмани во кои идните станари ќе го почуствуваат вистинскиот планинскиот амбиент. Дополнително, комплексот ќе има и свои паркинг места на две нивоа, како и парк од приближно 1000м2 со содржини дизајнирани од и за најмладата популација. Целта на оваа инвестиција е да биде привлечно и посакувано место за домување во Маврово, и Mavrovo2 Residence да стане идната хит дестинација за сите оние што тука ќе го најдат својот втор дом. Вкупната инвестиција на целиот проект е процената на околу 6 милиони евра, со обезбедено кофинансирање од Халк Банка.

Кога според планот треба да почне продажба на становите, која ќе биде цената за метар квадратен метар и кога се планира нивно завршување?

Петрушевска: Работиме со полн интензитет на подготвителните работи за градба, и планираме во наредните 30 дена да започнеме со сите градежни активности. Првата фаза од оваа инвестиција се очекува да биде готова за 18 месеци односно во втората половина на 2021 година. Што се однесува до цената на становите, можам да кажам дека таа ќе биде формирана според прецизно избалансиран однос помеѓу локацијата, квалитетот и содржините во комплексот за што сме сигурни дека ќе биде прифатлива и атрактивна за купувачите. Официјалната продажба на становите планираме да започне во следните два месеци.

Знаејќи дека се работи за една од првите вакви инвестиции кај нас, каков вид на помош добивте од локалната самоуправа во реализирањето на оваа инвестиција?

Петрушевска: Се работи за помала општина која е високо професионална и одлично организирана. Задоволни сме од поддршката во целиот процес од локалната самоуправа на Маврово - Ростуше како и за отворените врати за соработка. Уште од првата идеја за оваа инвестиција, на наше барање во разумен временски период ни овозможи непречено да стартуваме со сите подготвителни работи за почеток на изградбата.


Кои бенефиции би ги имале идните купувачи во Mavrovo2 Residence?

Петрушевска: Да се има сопствен стан во Маврово е добро од повеќе причини. Пред се неговата близина до главниот град и целиот Северозападен регион е одлична можност на само еден час од урбаните средини да се дојде во здрава и чиста средина. Маврово како национален парк е уникатен поради повеќе нешта и со самото тоа е атрактивен во текот на целата година. Во текот на зимскиот период одличните скијачки терени се доволна причина за незаборавни зимувања. Во останатите периоди од годината нависитна е убаво да имате свое место каде можете да избегате за време на викендите, ќе го избегнете стресот кој ни го носи секојдневието во градовите, ќе можете да избегате од загадувањето, високите летни температури и да уживате во чистиот воздух. Допoлнително, планинарењето и велосипедизмот се повеќе се атракција на Маврово и се повеќе посетители во пролетните и летните месеци ја користат планината за рекреација. Со еден збор, постојат многу мотиви зошто некој би купил стан на Маврово, а ние сме сигурни дека Mavrovo2 Residence ќе биде станбениот комплес во кој голем број на сограѓани ќе го најдат своето приванто катче за уживање и престој кога и да посакаат.


Со оглед на големината на проектот дали сметате дека ќе има доволно голем интерес за становите што ќе ги изградите?

Петрушевска: Како што веќе и напоменав, во неформална комуникација со нашите соработиници кои сакаат да бидат дел од проектот и од неофицијално претставување на идејата во секојдневна комуникација, имаме многу позитивни коментари и се надеваме дека проектот ќе биде одлично прифатен од купувачите.