MChat - македонска апликација за запознавање

MЧет е најновата македонска апликација за запознавање и спојување помеѓу корисници.

Се работи за локациски базирана мобилна апликација која ги прикажува корисниците на апликацијата кои што се на одредена далечина, со можност за прикажување и на мапа. Точната локација на корисниците не се открива заради безбедносни причини и нивната  заштита на приватност.

Некои од останатите дополнителни функции на MЧет апликацијата се можноста за листање на профили на други корисници, ставање лајк или дислајк и совпаѓање доколку двајца корисници взаемно стиснат лајк по што се отвора можноста за остварување на контакт по пат на текстуални пораки кои се интегрирани во апликацијата.

Сите корисници можат да ги следат објавите од нивните пријатели, но и да коментираат на истите. Исто така можат и да читаат актуелни новости, претежно од забавен карактер.

Користењето на оваа апликација е бесплатно, но доколку некој сака достапност до привилигирани функции, може да стане и премиум корисник за само 1.49 долари на месец. Апликацијата работи на Android и IOS уреди, а може да се преземе на следниве линкови: Google Play (Android) и App Store (iOS)