Ме малтретираа како дете: Пријовиќ проговори за тешкото минато

Добивај вести на Viber

Српската пејачка Александра Пријовиќ, сега Живојиновиќ, во емисијата „Викенд“ раскажа за своето тешко детство во Хрватска, во местото Бели Манастир. Во емисијата со неа, била и нејзината мајка Борка Михајловиќ. Пријовиќ била навредувана и малтретирана од своите врсници, пишува сајтот „Глоси еспресо“. 

Пријовиќ на венчавката со мајката на нејзиниот сопруг Филип, Зорица, нејзината мајка Борка и со Лепа Брена

„Имаше доста солзи. Доста одрекувања. Сега, сите оние кои ја малтретираа и зборуваа грдо за неа би сакале да се напијат пијачка со неа, да се сликаат со неа. Морав да одам од куќа до куќа поради тие навреди и кавги, да борам против нив. Децата ја малтретираа затоа што таа го работеше она што го сака“, рече мајката на Пријовиќ. На овие нејзини зборови пејачката се расплака.

Пријовиќ со мајка ѝ Борка 

Таа нагласи дека не сака да е навраќа на неубавите работи од нејзиното детство. „Сега кога тоа е зад мене, обожавам да одам во својот Бели Манастир, и сите ми велат: „секоја чест“, изјави снаата на Лепа Брена и на Боба Живојиновиќ. 

Минатата година во јуни Пријовиќ се омажи за Филип Живојиновиќ, а на 6 март се роди нивниот син Александар. Во Тв емисијата, таа најаваи големо враќање на музичката сцена.