Меган Фокс ни носи нова колекција за долна облека

Добивај вести на Viber

Долен веш изработен од преубава чипка!

Меган Фокс во нова кампања долна облека

Преубавата 31-годишна глумица, која е мајка на три деца изгледа сензуално и фантастично на промотивните рекламни фотографии за колекцијата пролет/лето 2018.

Во новата кампања на брендот „Frederick’s of Hollywood“, убавата Меган позира на песочна плажа пред објективот на Џемјс Макарија.

За новата сезона Меган Фокс, претставува кимоно наметки, боди, корсети и ноќници, градници и гаќички од преубава чипка и транспарентни парчиња кои на самите фотографии се претставени во комбинации со секси чизми.

Бринетата изгледа неодоливо на фотографиите за новата кампања. Нејзиниот стајлинг е дополнет со накит и лежерна фризура.

Погледнете каква долна облека ни предлага Меган Фокс за топлата сезона која ни доаѓа.