„Меган и Хари глумат дека се среќен пар“: На прв поглед изгледаат совршено, но овој човек вели дека меѓу нив нема ниту Љ од љубов

Добивај вести на Viber

Меган Маркл и принцот Хари се во Дизелдорф на Игрите Invictus, традиционален натпревар за спортисти со посебни потреби. Синот на Дијана и Чарлс со години го поддржува овој настан, а по нивната венчавка му се придружи и сопругата.

На приемот пред неколку дена, војвотката од Сасекс рече дека еден ден би сакала да ги однесе нивните деца Лилибет и Арчи на овој настан. Меган, ако ги исклучиме учесниците, деновиве во Германија е во преден план. Се коментира нејзината никогаш послаба фигура, стилот на облекување, но и односот со сопругот.

Во јавноста Меган Маркл и принцот Хари оставаат впечаток на совршен пар, како што покажуваат сликите од Германија. Нивните интимни моменти се снимаат, на секој настан доаѓаат држејќи се за рака, шепотејќи, гушкајќи се, разменуваат допири, слатки насмевки и погледи. И сето тоа знаејќи дека ќе се снима.

Судејќи според изјавата на Том Пауел кој ја напиша книгата „Одмазда: Меган и Хари и војната меѓу Виндзорите“, јавните појавувања на Меган Маркл и принцот Хари се само шоу за јавноста.

Овој автор тврди дека Меган Маркл и принцот Хари намерно се појавиле на неодамнешниот настап на Бијонсе во Лос Анџелес за да снимат дека тој ја гушка и дека тоа е чиста медиумска манипулација.

Ако направиме паралела со изгледот во Германија, заклучокот е јасен - се е направено со намера да им се покаже на другите дека се среќен пар. За тоа колку нивниот однос е (само) глума, а колку емоции, Пауел нема позитивен став.

-Меган Маркл и принцот Хари изгледа сакаат да покажат колку се обединети по сите конфликти со неговото семејство во Велика Британија и дека среќата не им недостасува, вели тој, а времето ќе почаже дали неговите проценки се вистинити.

Фото: youtube/screenshot