Меган побарала извинување од кралицата по скандалозното интервју: Ќе ѝ ги прости ли Елизабета ужасните зборови

Добивај вести на Viber

Иако односот на кралското семејство со војводите од Сасекс, а особено со Меган Маркл, беше сериозно нарушен по интервјуата што поранешната актерка и принцот Хари и ги дадоа на Опра Винфи, британските медиуми пишуваат дека Меган сè уште се чула со кралицата Елизабета пред погребот на принцот Филип.

Според списанието „Пипл“, Меган се слушнала од бабата на нејзиниот сопруг, и наводно го вклучила малата Арчи во разговорот со цел малку да ја развесели тажната кралица. Дел од британската јавност со ентузијазам ја дочека оваа вест, додека многумина се сомневаат во намерите на војвотката.

Освен кралицата, Меган секој ден се слушала и со нејзиниот сопруг, знаејќи колку му е тешко да се носи со смртта на неговиот дедо Филип, но и разделбата од неа и неговиот син.

Наводно цело време го уверувала дека таа и Арчи се добро, барем малку да се опушти, но Хари побрза да се врати кај своето семејство два дена по погребот, и ден пред 95-от роденден на кралицата Елизабета, што многумина го сметаа за можност семејството да ги измазни односите.

Да потсетиме, Меган Маркл не присуствуваше на погребот на принцот Филип, а како причина беше наведена бременоста на војвотката. Сепак, се појавија обвинувања дека поранешната актерка не сакала да дојде на погребот, бидејќи била сигурна дека ќе биде во центарот на вниманието, што не сакала.


Извор:ало.рс

Foto: Profimedia

Бисерниот ѓердан на Кејт Мидлтон е подарок од кралицата: Пред неа го носеше принцезата Дајана