Меган Маркл бара работа

Меган Маркл, наводно е во преговори со списанието „Вог“ и има шанси да стане нивна колумнистка. Ана Винтур, уредничката на списанието смета дека војвотката од Сасекс на на „Вог“ ќе му донесе поголем медиумски публицитет, пишува „Сан“. 

Во колумната која би излегувала еднаш во месецот, Меган би ја промовирала својата хуманитарна работа. За овој ангажман, Меган ја поттикнала нејзината пријателка, адвокатката Амал Клуни, сопругата на актерот Џорџ Клуни. 

Ана Винтур, според „Сан“ е воодушевена од идејата Меган да биде новата колумнистка на „Вог“ и таа со задоволство би ја вработила. До идејата Меган да пишува за списанието, дошло откако таа се договарала да позира за септемвриското издание на „Вог“, во креации на различни модни дизајнери. Иако се согласила да позира, таа одбила да да биде на насловната страница затоа што вниманието сака да го пренасочи на други силни жени. До сега, на членовите на кралското семејство им беше забранета соработка со медиумите или пишување за нив. Според досегашните правила, нивните улоги се симболични и треба да се концентрираат само на хуманитарната работа. 

Фото: standard.co.uk