МЕГАН МАРКЛ ГИ МЕНУВА ПРОТОКОЛИТЕ: 10 кралски модни правила кои ги прекрши идната војвотка

Добивај вести на Viber

Се вели дека правилата се тука за да се кршат, меѓутоа ваквата „политика“ не е прифатена со задоволство во британското кралско семејство. Но, без разлика на тоа, идната сопруга на принцот Хари, разведената актерка со американско потекло Меган Маркл, веќе успеа да постави свои трендови, надвор од сите воспоставени модни конвенции за носителите на „плава крв“.

Можеби нема да ви изгледа толку чудно, но овие 10 правила кои Меган ги прекрши, ја шокираа јавноста.

Носење чанта во рака


Во ноември лани, Меган го прекрши кралскиот протокол кога во рацете носеше Strathbury чанта.

Имено, чантите со дршка не се посебно прифатливи бидејќи оневозможуваат дланките да бидат слободни а тоа е важно, бидејќи членовите на кралското семејство треба да имаат слободни раце за да може да се ракуваат.

Неуредна коса


Меган често може да се види со благо кажано лежерна фризура која подразбира пунџа и разбушавена коса. Кај кралското семејство ова е кршење на правилата бидејќи со госини косата се крие под шешир или е совршено уредна.

Голи нозе


Кога заедно со принцот се појави да ја објават свршувачаката, Меган на себе немаше долги чорапи. Да се покажат нозете голи на јавноста е големо „не, не!“ во очи на кралското семејство. Кралицата веќе 91 година се појавува во холохопки како и Кејт Мидлтон, која секогаш ги носи кога на себе има сукња или фустан.

Проѕирен фустан


Многумина беа бесни и збунети кога се појави офиијална фотографија која го најави свршувањето на Меган и Хари. На неа Меган беше облечена во црн фустан со долги ракави чиј горен дел беше проѕирен, со детали во вид на златни листови. Овој пристап на Меган збуни многумина.

Искинати фармерки


Уште еднаш кога Меган ја распламти модната дебата беше кога на Инвиктус игрите во Торонто се појавила во искинати фармерки.Иако ова е тренди и модерно, во кралското семејство е целосно недозволиво.

Дијамантски прстен


И додека едни му завидуваат на дијамантскиот свршенички прстен на Меган Маркл други не ни знаат дека прекршила уште едно ултимативно правило. Сите останати дами во кралското семејстви, далеку преферираат подрагоцени камења од дијаманти. На пример Кејт Мидлтон носи прстен од лејди Дијана со сафир кој го носеле и мајката на Кралицата и принцезата Ана.

Носење модни брендови кои не се британски


Традицијата налага да се носат исклучиво британски модни марки и креатори, како Burberry и Alexander McQueen, но тоа за Маркл не важи. 

Сјај за усни


Како што тврди магазинот Harper’s Bazaar, сјајот за усни е нешто што се заобиколува во кралското семејство, бидејќи изгледа малку вулгарно. Меган со сјај на усни се појави на божиќниот ручек кај кралицата.

Различни обетки


Комбинација на две или повеќе различни обетки за некој уште е табу, а камоли за кралското семејство. Сите останале шокирани кога Меган на едното уво имала три ѕвездички, а на другото облик на буквата В.

Црно одело


Ако добро погледнете, ќе видите дека силните бои се многу популарни во модата на кралското семејство. Но , не и кај Маркл. Таа во официјалната посета на Велс, носела комплет од црна модна комбинацја, каква што другите од семејството би ја облекле само за тажни настани.