МЕГАН МАРКЛ, КЕЈТ МИДЛТОН, ПРИНЦОВИТЕ: Еве кој е најбогат во британското кралско семејство!
Кралските финансии се нешто сложено, бидејќи голем дел од нивните податоци се чуваат во тајност. Во јавниот простор сепак се познати некои детали за богатството на најпопуларното кралско семејство во светот - британското.
Општата состојба на кралицата Елизабета II и семејство 'се формира од средствата од специјални фондови за нив, имоти и вредни лични предмети, меѓу кои се накит и уметнички дела.
Еве и кој е најбогат во британското кралско семејство, според Wealth-X и Time.
Кралицата Елизабета II. Логично, кралицата има најголема состојба - се претпоставува дека нејзиното богатство надминува 520 милиони долари.
Принцот Филип. Мажот на кралицата неодамна се повлече од своите јавни должности. Неговото богатство изнесува околу 30 милиони долари.
Принц Чарлс. Престолонаследникот располага со околу 400 милиони долари. Честопати донира средства за добротворни цели
Принцот Вилијам и принцот Хари. Се проценува дека и двајцата имаат помеѓу 25 и 40 милиони долари. Дел од нивните пари се наследени од нивната мајка, покојната принцеза Дијана.
Кејт Мидлтон. Сопругата на принцот Вилијам доаѓа од богато семејство и нејзините пари не доаѓаат само од нејзиниот брак. Има околу 10 милиони долари лични финансии.
Меган Маркл. Американката наскоро ќе му се придружи на кралското семејство како сопруга на принцот Хари. Нејзиното лично богатство изнесува околу 5 милиони долари, што ги добива од нејзините улоги во телевизијата и киното.