Меган Маркл се појави во најмодерните фармерки на сезоната: Досега не сме ја виделе во вакво нешто (ФОТО)

Добивај вести на Viber

По две години од пандемијата, викендов во Хаг се одржа меѓународниот спортски натпревар Invictus games, основан од принцот Хари. Игрите започнаа во саботата на 16 април и ќе траат до петок 22 април, а очекувано - Хари е таму во улога на организатор, но и обожавател, како и неговата сопруга Меган Маркл.

Очите на целиот свет се вперени кон Меган, за која ова е прв јавен ангажман кој трае неколку дена, а љубителите на модата ги интересира какви стилски комбинации овојпат ќе понуди познатата Американка, која одамна ја доби титулата икона на стилот.

Актерката не ги разочара трендсетерите ширум светот - за оваа прилика избра лежерни, впечатливи комбинации кои се вклопуваат во се позастапениот елегантно-спортски стил во кој преовладува ноншалантноста, а сепак изгледа софистицирано.

Посебно ни се допадна вчерашното издание на Меган: многу модерно, но носливо и едноставно. Имено, таа се појави во докажана комбинација со која нема грешка: фармерки, бела маичка и црна твид јакна со златни копчиња.

Но, Меган не избра било каков џинс, туку оној кој важи за еден од најактуелните сезонава. Станува збор за модел со низок струк и прави ногавици, малку поопуштен крој. Ваквите фармерки се голем тренд, а на стилот му даваат неодоливо урбан печат.

Аутфитот Меган го комплетираше со црна чанта Селин, балетанки Шанел во боја на кожа и црни детали, и урбани очила за сонце RayBan.

извор:zenablic
фото:profimedia