Меѓу нив има 34 години разлика, таа е помлада од неговите ќерки: Изгледаат уште позаљубено по приновата

Дејвид Фостер и Кетрин Мекфи деновиве неколку пати беа фотографирани од папараците на Беверли Хилс, а на фотографиите изгледаат позаљубени од кога било досега

Познатиот канадски музичар Дејвид Фостер (72) и неговата сопруга, актерката Кетрин Мекфи (38) се еден од оние парови на кои јавноста не им предвидуваше долг век поради големата разлика во години, но на новите фотографии тие изгледаат уште повеќе во љубов од порано.

Парот беше фотографиран од папараците неколку пати оваа недела на Беверли Хилс, заедно отидоа на шопинг и ручек, а не ја симнаа насмевката од лицата, ниту ги пушрија рацете еден од друг.

Двојката во февруари оваа година доби син по име Рени, а Кетрин брзо се врати во топ форма по породувањето.

View this post on Instagram

A post shared by Katharine McPhee Foster (@katharinefoster)


За актерката ова е прво дете, а за музичарот прв син, додека од претходните бракови веќе има пет ќерки, од кои четири се дури и постари од сопругата. Неговата најстара ќерка Алисон има 52 години, Ејми 49, Сара 41, Ерин 39 и само Џордан е две години помлада од Кетрин.

Кетрин и Дејвид се венчаа на 18-ти јуни 2019-та година во Лондон пред околу стотина познати пријатели и членови на семејството. Тие беа видени заедно во јавноста за прв пат во април 2018-тата година, неколку месеци откако почнаа да излегуваат и лудо се заљубија. Парот од самиот почеток на врската не сакал да се експонира во јавност, па затоа привлекуваа уште поголемо големо внимание кај јавноста и фотографите кои ги следат при секое излегување.

View this post on Instagram

A post shared by Katharine McPhee Foster (@katharinefoster)


Дејвид зад себе има четири пропаднати бракови со Б.Џ.Кук, Ребека Даер, Линда Томпсон и Јоланда Хадид.

Извор: dnevnik.hr